Пабот „Black Forge Inn“, кој во сопственост на ММА ѕвездата Конор Мекгрегор, бил нападнат со бомби додека тој седел внатре.
Двајца напаѓачи на скутер фрлиле петролни бомби во близина на пабот на Конор во Даблин, а за среќа нема повредени. Британските медиуми пишуваат дека нападот бил со цел да го ликвидираат најпознатиот ММА борец.
- Напаѓачите делото го извршија од скутер, а потоа двајца од пабот тргнаа по нив. Мекгрегор во тоа време го разгледувал менито, а напаѓачите веројатно знаеле дека е внатре, изјавил очевидец за „Даблин Лајв“.
Врз објектот не е направена никаква штета, а полицијата започнала истрага за нападот.
Исто така, на местото на нападот се пронајдени дополнителни две бомби, што покажува дека се работи за сериозен напад, кој за среќа не поминал како што посакувале напаѓачите.
Мекгрегор го купи пабот во Даблин во 2019 година за два милиони фунти и го направи луксузно место во кое не може секој да влезе.

