Македонскиот Тома кај нас беше Кенан Таировски

Please follow and like us:
Pin Share

Кенан Таировски – Кени (роден на 1945, Царев Двор, Ресенско бил македонски пејач на народна музика, кој најголемата слава ја имал во седумдесеттите години во поранешна Југославија. На музичката сцена бил скоро половина век.

Таировски е роден во 1945 година во преспанското село Царев Двор, каде и завршил основно образование. На почетокот на шеесеттите години заминал за Белград, кај својот постар брат Нихат.

На предлог на тогашниот Наставнички совет на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Царев Двор, Таировски своето образование го продолжил во средното музичко училиште во Белград, каде неговиот музички талент и убавиот глас, набргу биле забележани од тогашните продуцентски куќи и композиторите.

Будимир Јовановиќ Буцо бил текстописец на песната “Свири ми стари циго”, што всушност е и прва снимена сингл-плоча на Кенан Таировски во 1968 година.

A, како најпознати и високо-тиражни продадени плочи ќе бидат песните “Фикрија” и “Едита”, чиј автор е самиот Таировски.

Во тоа време, Таировски станал ексклузивец на дискографската куќа “Југотон” од Загреб, за која снимил 3 лонг-плејки и 14 сингл-плочи. Одржал голем број концерти на коишто другарувал и пеел со Мирослав Илиќ, Вера Матовиќ, Нада Топчагиќ и др.

Во Македонија, Таировски издал 35 ЦД-а, а посебно се наметнал со песните „Дано Данице, преспанска убавице”, „Жане жанина”, „Играј чочек битилчанко“, „Преспо моја”, „Царе мори“.

Текстовите на овие и многу други песни се напишани од неговиот искрен пријател и долгогодишен соработник, доајенот на преспанското новинарство Ѓорги Ѓоргиевски.

Од останатите песни, постои и песна напишана и испеана за трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, за којашто текстот го напишал самиот Кенан, како и онаа посветена на Тоше Проевски “Ти ангелу славен“, на текст на Ѓорги Ѓоргиевски.

Во својата богата музичка кариера Кенан Таировски реализирал и повеќе турнеи во прекуокеанските земји. 15 турнеи остварил во Австралија, 5 во САД и безброј турнеи низ Европа. При секоја нова турнеја во Австралија, нашите иселеници го пречекувале со црвено знаме на кое пишувало “Кралот Кени“.

Особено популарна песна во Австралија била неговата песна “Жане жанина“, којашто во 1994 година го добила престижното признание за најслушана песна на новиот континент.

Богатата, 47-годишна музичка кариера на Кенан Таировски била одбележана со голем музички концерт, насловен „Преспа за Кенан”, кој се одржал на 5 август 2015, во Спортската сала во Ресен, а на кој настапиле познатите музички имиња:

Таше Каранфиловски, Благоче Стојановски – Туше, Елена Велеска, Групата “Персиди”, Оливер Христовски, Сашко Завевски, Бади Беќир, Петар Нечовски, Атина Апостолова, Круме Спасовски, Горан Алачки, како и културно-уметничките друштва “Таше Милошевски” и “Кардешлик” од Ресен.

Својот живот, овој познат пејач го завршил во Ресен на 11 јули во 2017 година. Токму за Кенан, напиша новинарката Валентина Ѓорѓиевска, и раскажа каков бил нејзиниот одност со него и реќе дека тој е македонскиот Тома Здравковиќ.

Please follow and like us:
Pin Share