“Jack Daniel & Story Band” е новото ребрендирано име на познатата Скопска музичка група “Даниел Сидовски и Респекти”..

Please follow and like us:
Pin Share

.

Имено, тие потајно ни најавија уште пред 2/3 години дека ќе следуваат големи чекори и стилски промени во нивниот бенд, но не знаевме дека токму ваков огромен чекор ќе биде промената, па затоа велат во минатото не биле конечно спремни и склопени коцките за таков огромен чекор, бидејќи имаа голема пауза со пандемијата и не знаеа што им носи судбината. Во 8 годишната кариера како група Респекти, ние ги следевме сите нивни подеми и чекори, а тие остварија дефинитивно најголем подем од сите музички групи во историјата на Македонија. Уште на самиот старт од самиот почеток, како целина беа спој на музичари на кого им дадоа доверба многу менаџери на Ивент продукции, газди и менаџери на локали за да се покажат пред илјадници публика во клубовите, дискотеките, кафичите, рестораните, свадбите а богами и на неколку мега ѕвезди како предгрупа на концертни спектакли (Саша Ковачевиќ, Аца Лукас, Беквалац, Амадеус…) Фронтменот на сега веќе по нај ново име “Story Band”, менаџерот и наш познат поп фолк вокал Даниел Сидовски, ни изјави дека од 1 јануари 2022 година решил и тој да промени во никнејмот, имиџот и стилот, препознавајќи го со прекарот од многуте фанови кои го завикале од пред некое време на настапи…JACK DANIEL… Што секако му прија, а на негово задоволство е што го именувале по најдоброто брендирано виски во светот, а со тоа добива еднина од неговото вистинско име Даниел, за да се додаде докажаниот ЏЕК карактер по познатото шармерство и џентлменство на Сидовски. Тој навистина важи за шармер меѓу женската публика, но нерамнодушни се и голем број машки фанови кои покажуваат огромни симпатии према неговиот професионален музички пристап кон публиката. Македонците ширум светот ги препознаваат по неколку убави песни кои ги створија со Респекти, меѓу кои Македонскиот печалбарски хит “Пуста да е печалба”, новата хит тема за свадби “Свирете за зетот”, прекрасната “Журка Лудило”, врвната балада со текст на Даниел кој секој би заплакал “Те Сакам”, вжештената тема за некоја “Опасна”, третата и најнова тема од првиот солистички албум на Џек Даниел “Дојди, биди среќна” која ја претстави со музички спот во Ноември, и други дела за кои публиката едногласно велат ДА!!! Нешто што дознавме од момците а на нашата ИН Продукција многу и се допаѓа, која всушност се бори да вметне што повеќе почит кон домашната сцена, е што момците од “Story Band” најавуваат револуција на 100% Македонска изведба и Македонски репертоари на нивните настапи по дискотеките и свадбите. Тоа ќе го докажат уште при првата укажана шанса и доверба од локалите каде што настапуваат, а се надеваат дека ќе им се отвори простор и шанса на другите места низ државата каде што не настапиле сеуште, да прикажат модерен звук и жежок настап со строго Македонска музика. Велат дека решиле да бидат првиот бенд што ќе го вратат сјајот на убавите познати хитови со рефрени од Македонските познати големи евергрин, поп, рок и ретро музички имиња. Мислат дека на тој начин ќе започнат од 0, и од појдовна точка за да дадат друга димензија на сите настани поврзани со дискутабилните теми околу почитувањето на туѓото наместо своето, па да го вратиме жарот од минатото на МКД естрадата. Иако, ова е МУЗИКА и неизбежно е да се вметнува Екс Ју, Поп, Фолк, Рок, Рокенрол, Диско и Фанк музика од соседството, но тие рекоа дека ќе гледаат да се држат повеќе до нашиот Македонски репертоар (истото важи и за Свадбените прослави). Најавуваат промена и на имиџот во бендот, па тоа ќе биде моден детал плус за фановите да уживаат комплетно на настапите. Ние ИН продукција ќе им посакаме здравје и среќа во новата 2022ра година со новото ребрендирано име, а им посакуваме успеси во кариерата на Скопските момци JACK DANIEL & STORY BAND!!! Само напред момци!!!

Please follow and like us:
Pin Share