Вчеравечер во белградскиот клуб „Касина“, на репризата од Нова Година настап имаше поп- дивата Јелена Карлеуша. Таа излезе на сцената во секси црвен чипкан корсет, атрактивна како никогаш досега.
https://www.instagram.com/p/CYOS9QrJiip/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again
Се редеа нејзините хитови и атмосферата се вжештуваше, се до моментот кога 45 минути откако таа почна да пее на бината се качиле дечко и девојка кои само стоеле со подигнати раце, но толку самоуверено што присутните останале во чудо бидејќи никој од обезбедувањето не реагирал. По цели две минути Карлеуша прашала
По што, 30 луѓе се појавиле од сите страни и ги извлекле надвор девојката и момчето. Но ова бил само почетокот на драмата. По само 5 минути откако продолжила со настапот се слушнало пукање кон локалот од огнено оружје, велат извори на „Убавина и Здравје“, кои биле присутни на настапот. Во тој момент некој извикал „сите легнувајте на под“, па така за 5 секунди се нашле сите долу, додека не заврши пукањето. Полицијата го истражува случајот, причините за овој напад засега се непознати. Карлеуша го прекинала настапот по само 45минути пеење. Таа сеуште не дава изјави по повод вчерашното случување, чека полицијата да си ја заврши работата. Присутните македонци велат дека никогаш не доживеале таква стравична глетка, и буквално се изгледало како сцена од акционен филм.