Извонредниот Влатко Лозаноски, каде и да се појави мами воздишки кај женската популација. Но, сите се прашуваат кои се трите девојки кои што покрај Лозано и неговиот бенд, ја разубавуваат сцената на неговите концерти.

Сите ние добро знаеме дека во моментов пејач број еден во Македонија е Влатко Лозаноски Лозано, кој е миленик не само на женската популација, туку и на сите генерации. Нема некој кој што не ги знае неговите големи хитови, “Јако јако”, “Ова лето ќе се памти”, “Мајко”, “Камо тебе да те имам”, “Кога мене ќе ме немаш”, “Не те вадам од памет ” и уште многу други песни кои се пеат во еден глас на неговите настапи.

Кога сме веќе кај неговите настапи и концерти, мора да напоменеме дека каде и да настапува Лозано, било тоа да биде во дискотека, некој клуб или плоштад, концертите се исполнети до последното место.
Посебно за нагласување е тоа што покрај Лозано и неговиот бенд, сцената ја разубавуваат и трите прекрасни дами. Познатата саксофонистка на која никој не останува рамнодушен, Александра Илиева, како и атрактивните Полина и Емилија, неговите придружни вокали.


Може слободно да кажеме дека оваа година беше една од најуспешните за него, но сега е време тој да поработи и на снимањето на новиот материјал, бидејќи неговите илјадници фанови со нетпрение очекуваат нова хитовска песна.

