Павле Андонов сними спот за неговото првенче

Please follow and like us:
Pin Share

“Има нешто, има има” од Павле Андонов, ќе си добие и свое видео. Ова е прва негова авторска песна, а за следниот период најавува уште неколку нови песни.

Павле Андонов деновиве сними видео запис за неговата прва авторска песна, која што носи наслов “Има нешто, има има”. Видео кое е во соработка со ИН Продукција, Павле одлучи да го сними на неколку прекрасни локации во неговото родно место, Гевгелија.

-Снимањето помина во одлична атмосфера, заедно со екипата на ИН. Навистина сум задоволен од сето она што успеавме да го снимиме, па се надевам дека крајниот резултат ќе биде одличен и дека и спотот и песната ќе и се допаднат на јавноста.-истакна Андонов, за естрадниот магазин Естрада плус.

Текстот и музиката за оваа песна се дело на Гоце Костоски-Пејак, а снимена е во добро познатото студио Просаунд кај Славко Ристески во Прилеп.

Павле активно се занимава со музика и пеење, а периодов има и бројни настапи, најчесто во Гевгелија и околината. Тој вели дека тука не запира и за следниот период веќе подготвува нови авторски песни.

Спотот се очекува во најскоро време да биде премиерно прикажан на сателитската ИН Телевизија.

 

Please follow and like us:
Pin Share