„За Велигден“ од Ѓоко Јовиќ ги крена сите на нозе во Германија

Please follow and like us:
Pin Share

Прекрасната изведбата на Ѓоко Јовиќ за неговиот хит „За Велигден“ ги разнежни неговите фанови во Германија. Ѓоко и Енерџи бенд направија вечер за паметење пред македонците во Дујсбург.

Ѓоко Јовиќ и неговиот Енерџи бенд одржаа спектакуларен концерт во Германија. Од бројните видеа кои што имавме можност да ги погледнеме деновиве на социјалните мрежи, можевме да забележиме дека се работи за публика од неколку стотици гости.

Покрај тоа што Ѓоко ги отпеа неговите бројни хитови, тој не можеше, а да не го запее неговиот хит, „За Велигден“, со кој што на огромно изненадување ги крена сите гости на нозе. Публиката аплаудираше и снимаше со мобилните телефони, уживајќи во моментот и во прекрасната изведба на песната „За Велигден“ во живо.

Инаку, Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд се едни од најбараните музичари, не само во нашата земја, туку и надвор од нашите граници. Тие пред извесен период беа на голема Австралиска турнеја и направија концерти за паметење пред нашите македонци кои живеат таму.

Ѓоко при неодамнешното интервју за ИН ТВ ни откри дека во месец март, следува нова голема Австралиска турнеја. Концертите се веќе договорени, а Ѓоко и момците од Енерџи едвај чекаат да си ги видат нивните обожаватели, но и блиски пријатели во Австралија.

Понуда веќе имаме, договорено е се. Февруари и март сме повторно во Австралија. Јас ете користам момент и прилика да си ги поздравам моите пријатели и другари во Австралија, бидејќи тие веќе се во голем број.-изјави Јовиќ, за естрадниот магазин Естрада плус.

А во продолжение, погледнете го видеото од настапот во Германија :

Ацика, гордеј се. Си напишал ПЕСНИШТЕ! Дури сега ја сфаќам вредноста на #За_Велигден, откако ја видов реакцијата на публиката во Германија. Gjoko Jovik, душа остави во песната бе брату – НЕМАМ ЗБОР! Ти благодарам што ме правиш горд се повеќе! <3 <3 <3

Gepostet von Александар Стевановски am Samstag, 19. Oktober 2019

Please follow and like us:
Pin Share