Пред нивната годинешна турнеја во Австралија, оркестарот “Маестрал” од Битола го издадоа нивното ново ЦД со осум новокомпонирани песни, па како што истакнува Иле , планираат во периодов кој следи да се промовираат токму тие нови песни.
-Пред турнејата во март месец, пред да заминиме за Австралија извадовме ново ЦД, со осум новокомпонирани песни. Сега гледаме тоа малце да се испромовира. За ново ЦД не е така лесно да се соберат осум до десет нови песни , меѓутоа така ни е концептот , секоја година по една две ќе снимаме па кога ќе се соберат осум до десет песни ќе извадиме ЦД и така да не застануваме тука, ќе има и нови песни, додава Иле.
Инаку, годинава оркестарот “Маестрал” ќе го одбележи својот јубилеј од 30 години на македонската музичка сцена.