Две авторски ора промовираше Гоце Костоски-Пејак, во студиото на ИН Продукција. Овие негови дела се снимени од поодаммна, но како што вели поради големиот број обврски не успеал доволно да ги промовира. Се надева дека ќе бидат убаво прифатени од јавноста.

Гоце Костоски-Пејак во студиото на ИН Продукција, односно во емисијата “Промо”, промовираше две негови авторски ора. Станува збор за инструменталките “Гоцево оро” и “Паризова са са”.
-Тоа е едно оро кое не ми е досега објавено. Инаку досега имам издадено 5 мои цд-а солистички со ора и чочеци. Овие неколку ора, едноставно од недоволно време и голем број обврски останаа да не ги објавам, фактички се објавени, но не се доволно промовирани.-истакна Гоце.

Тој се надева дека двете ора ќе бидат добро прифатени од публиката. Кога станува збор за настапи надвор од нашата земја, Гоце ја најави турнејата во Белгија, а открива дека годинава ќе биде исполнета со голем број ангажмани во земјава.
-Сега следно настапуваме во Белгија, после Велигденските празници заедно со Елена Велевска. Потоа во месец мај имам доста приватни свирки низ Македонија, летниот период истотака. Обично во лето сум презафатен како и сите мои колеги, а за на есен ќе видиме, сеуште не откривам ништо додека не е 100 % сигурно.-додава музичарот.

Гоце за Дочекот на Нова година и месец јануари престојуваше во Австралија каде заедно со пејачката Адријана Кеш ја оствари неговата седма по ред турнеја во оваа далечна земја. Тој вели дека од сите земји кадешто бил досега, Австралија му е посебна драга, бидејќи се чувствува како дома.
Во продолжение слушнете ги двете негови ора и проследете го настапот на Гоце во студиото ИН Продукција !
