Сања Ристеска презадоволна од првата турнеја во Америка

Please follow and like us:
Pin Share

Фолкерката Сања Ристеска презадоволна од турнејата во Америка, која траеше околу два месеци.  Пред заминувањето на турнејата, таа го издаде својот прв албум на кој има 9 песни.

Сања Ристеска оствари успешна турнеја во Америка. Таму престојуваше скоро два месеци, а заедно со нејзините колеги Благоја Грујовски и Митко Бежаноски остварија голем број концерти и настапи.

-За Новогодишните празници бев во Америка. Бевме доста добра екипа, останавме некаде околу два месеци, имавме доста настапи, доста концерти. Божикните празници и сите други македонски празници таму ги пречекавме.-истакна Ристеска.

Со оглед на тоа што ова беше прва турнеја во Америка за неа, Сања вели дека е презадоволна.

-Чувството беше преубаво, се сакав да видам , насекаде да стигнам да појдам и покрај големиот број концерти кои ги имавмеНашите македонци знаат да се веселат во Америка. Сум била и во Австралија, но можам да ги поделам бидејќи македонците таму ми се поразиграни, повесели. Знаат да ја сакаат нашата музика.-додава фолкерката.

Пред заминувањето на оваа турнеја, Сања го издаде својот прв албум со двд и аудио цд. На албумот има 9 песни, меѓу кои и нејзините хитови “Ме заболе”, “Ќе те полудам”, “Марио внуче сакано”, како и дуетот со Елена Јовческа, “Сестра”.

 

Please follow and like us:
Pin Share