
Сите пет членки на британската поп-група „Спајс грлс“ се поканети на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, потврди Мелани Браун (Мел Би). Таа се појави на американското ток – шоу The real, каде што ја потврди информацијата и нагласи дека секоја од нив добила покана.
Мел Би исто така откри дека на свадбата, најверојатно, тие ќе имаат настап шегувајќи се дека ако каже повеќе детали, ќе биде запалена.
Принцот Хари ќе се ожени за Меган на 19 мај.
Девојките од „Спајс грлс“ – Викторија Бекам, Гери Хорнер, Ема Бунтон и Мелани Чишолм – неодамна потврдија дека планираат да работат на нови проекти по состанокот што се одржа првпат од 2012 година.