
Наташа Беквалац, стана мајка. Таа се породи со царси рез, а на свет донесе ќеркичка. Спрските медиуми пренесуваат дека на породувањето присуствувал и нејзиниот сопруг Лука.
Новосадската барбика вчера на свет ја донесе малата Катја, а убавата вест ја сподели на Инстаграм.
“Тешко е тоа што го чувствувам во моментов да ви го опишам со зборови. Вчера во 16 часот и 27 минути се роди Катја. Ви благодарам за љубовта, убавите зборови, желби и поддршката”, напишала Беквалац под фотографијата на која позира во болница.
Инаку, пејачката се породила со царски рез, малата Катја се родила тешка 3.280 грама, а за време на породувањето покрај неа бил и сопругот Лука Лазукиќ.