Александар Ицов исклучително мултиталнтиран музичар кој свири на пет инструменти

Please follow and like us:
Pin Share

Мултиинструменталист накратко со еден збор може да се каже за Александар Ицов, кој доаѓа од Радовиш. Александар свири на пет инструменти и е професор  по музичка уметност.

-Свирам на пет инструменти, каде имам документирано и со снимки на претходни ора. Во едното од ората има со инструментот гајда, потоа традиционалниот инструмент кавал во друго оро и најновото кое го презентираме е со хармоника , без традиционални инструменти. Инструментите се хармоника, кавал, гајда, зурла и тамбура, истакнува Александар.

Неодамна Александар го реализираше најновиот видео запис во соработка со ИН продукција за својата најнова инструменталка “Николова единаеска” , која е посветена за неговото синче.

-Станува збор за ритам единаесет осмински, брз, весел ритам. Можам да кажам поразлично од претходните ора. Да оставиме на публиката да ја даде својата оценка за оваа моја нова инструменталка, вели Александар.

Александар за наредната година најавува издавање на свој прв албум на кој ќе се најдат сите негови досегашни и нови инструменталки.

 

Please follow and like us:
Pin Share