Јубилејно издание на детскиот фестивал “Распеано рибарче”

Please follow and like us:
Pin Share

Годинава детскиот охридски фестивал “Распеано рибарче” ќе го одбележи својот 20 годишен јубилеј од постоењето. Како што најавуваат организаторите на овој детски фестивал, постори голем интерес за настап

на деца, како и добри песнички кои ќе се слушаат и понатака. Оваа година фестивалот ќе биде кон крајот на месец април со оглед на тоа што децата ќе бидат тука и ќе може да учевствуваат во дополнителната организација на рибарчето.

-И оваа година предвидени се да настапат 15-16 дечиња со исто толку песни. Песните се веќе поставени , сега веќе почнуваме со активности , со кореографските и сценските настапи, како крајна варијанта од снимањето. Датумите се 26, 27 и 28 април, истакнува Димче Китрозоски.

Како што открива Менде Баракоски , дел од организаторите а фестивалот, годинава предвидено е да има настапи и на минатогодишни учесници, деца кои отпеале песничка на овој фестивал а сега ќе бидат повторно поканети.

-Оваа година ќе повикаме пејачи кои биле пред 15 години, да се појават на сцената, не сите , туку само дел тие да се потсеат на нивниот настап пред многу години. Се надевам дека ќе биде успешно. Покрај тоа има и поклончиња за сите учесници, нешто што  ќе остане вечно за нивно сеќавање, вели Менде Баракоски.

Дел од децата учесници не го криеа задоволството од нивниот настап на овој реномиран детски фестивал, при што и оваа година ќе бидат повторно на истата сцена но со нова песничка.

Оваа година како медиумски покровител на овој детски фестивал се јавува ИН продукција, која целосно ќе го реализира овој настан и предочи пред широкиот медиумски аудиториум.

Please follow and like us:
Pin Share