Долго ја криеја љубовта, и конечно се земаа по 18 години – овие наши познати пејачка и пејач имаат љубов како на филм

Please follow and like us:
Pin Share

Велешката група “Соната ” долго време опстојуваат на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.

Тоа е групата која пред пандемијата не можеше да „здивне“ од настапи по свадби, крштевки веселби. Ако сакаш да ти свират „Соната“, требаше да ги резервираш многу однапред.

Кате во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари. Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително. Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

Во 2019 година, сите медиуми пишуваа за интересната љубовна приказна за Кате и Трајче од велешката група „Соната“.

Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години беа во љубов и во врска. Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.

Кате и Трајче го кажаа судбоносното ДА, и се венчаа пред матичар. Во тоа време, јавноста дозна и дека Кате и Траајче се подготвуваат за уште една важна улога, улогата на родители.

Убавата невеста, бееше во осмиот месец од бременоста, а јавноста тоа го дозна откако Кате и Трајче се пофалија со слики на социјалните мрежи. Нешто повеќе од еден мсец потоа, тие имаа уште една голема радост- им се роди ќерка.

Инаку, својата бремемост, Кате ја криеше од јавноста, а убавата вест ја објави токму на денот на венчавката. Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова. Ќерката ќе се вика Ана, а радоцната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“.

Како што велат, крушата под круша паѓа, па малада Ана уште од мала покажа дека го наследила музичкито талент од своите родители. Таа уште отсега покажува љубов кон музиката. На својот Фејсбук профил, родителите споделија фотографија од неа со микрофон во рацете.

На први јануари минатата година, тие објавија прекрасна семејна слика на која се гледа дека малата Ана пораснала во прекрасно девојче. На слилката, Ана е облечена во дедомразовски костум.

Тие објавија и уште една убава семејна слика, во проширен состав, на која добија многу позитивни коментари од своите пријатели.

Тие се доказ дека за љубов никогаш не е доцна и нивната љубовна приказна и ден денес се рааксжува. Сега турбо настапуваат и се уживаат во грижата за ќерката.

Please follow and like us:
Pin Share