Андријана Будими имаше голема улога во животот на Тоше Проески таа беше со него кога неговата кариера беше многу успешна, и покрај притисоците од јавноста тие успеаа да одржуваат нивната врска.
Тие ја започнаа врската во 2001 година, а по три години прекинаа. Повторно се зближија во 2007 година, кога почнаа да живеат заедно, до неговата трагична смрт на 16ти октомври.
– Тоше често ми носеше бели рози, моето омилено цвеќе, а јас му ги носев на неговиот гроб, додека не ми забрани лекарот да одам. Секој пат кога ќе отидев во Крушево завршував во болница- раскажуваше пред неколку години Будимир која по трагичната судбина на Тоше не сакала долго да се откаже од носењето црно, видно ослабна и се повлече од јавниот живот.
Според нивни блиски пријатели Тоше сакал да ја побара за жена, но во тоа се вмешала неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, советувајќи го дека ќе е лошо за неговата кариера.
Будимир откри дека Лилјана кон нејзе се однесувала крајно непријатно и била многу посесивна кон Проески. Таа особено го памети моментот кога се појавила на промоцијата на негов албум, на што менаџерката бурно реагирала.
– Никогаш не ги сфатив нејзините посеивни реакции. На промоцијата од албумот кога се појавив реагираше дека сè сум упропастила со своето доаѓање. А еднаш кога му се јавив таа одговори на неговиот телефон и ми рече дека не смееме повеќе да сме заедно. Му реков дека ако тој сака ќе се повлечам и ќе ја прекинеме врската. Но Тоше не можеше да се реши. Само ми рече дка станала неподнослива – се сеќава Андријана и додава дека откако по смртта на Тоше слушнала за тврдењата на Лилјана дека никогаш не биле во врска, решила да ја тужи само за да ја докаже вистината.
– Таа жена ми го уништи животот. Ја тужев за да докажам дека лаже, а не за да добијам пари.
Андријана го доби судскиот спор откако приложи над 200 смс пораки кои ги размениле со Тоше.
