
Почитувани посетители во манастирскиот комплекс Св.Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок!
Ве известуваме, дека на 27.08.2021 г. во 20ч. во пресрет на големиот православен празник Голема Богородица, како и секоја година на сцената во Лешочкиот манастир, ќе се одржи Лешочкиот Фолк Фест со познати уметници од македонската музичка сцена и нови музички рефрени. Ве молиме, да се почитуваат протоколите за превенција од Ковид-19 за да се заштитиме себеси, а и другите. Традицијата продолжува!