Почина актерот Милан Лане Гутовиќ

Please follow and like us:
Pin Share
Актерот Милан Лане Гутовиќ почина денеска на 75-годишна возраст на Воено медицинската академија во Белград. Информацијата за неговата смрт ја потврди синот на актерот, Саша Гутовиќ.
Милан Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година, а дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1967 година.
Здравјето на актерот се влоши откако се зарази со коронавирусот, а во јуни ги откажа сите настапи. Како последица на коронавирусот, актерот доби запаление на белите дробови, а лекарите, исто така, утврдија и вода во неговите бели дробови. Гутовиќ првенствено бил на кислородна терапија, по што неговата состојба се влошила и минатиот четврток, на 19 август, бил ставен на респиратор.
Please follow and like us:
Pin Share