Никогаш нема да погодите какво образование имаат познатите пејачи: Особено кога ќе дознаете кое школо го има завршено Цеца ќе подзинете

Please follow and like us:
Pin Share

Вечното прашање кое ги следи естрадните пејачи во регионот без разлика на тоа колку се познати е какво образование имаат тие завршено?

Одговорот секако е различен, па така најголемото внимание го привлекува Цеца и нејзиниот отсек во средното училиште како и Неда Украден која има две дипломи.

Весна Змијанац жената која жареше во Југославија, а нејзините хитови и понатаму се слушаат, нема завршено ни средно училиште, но има дактилографски курс.

Александра Пријовиќ која е мега популарна, а стана и снаа на Лепа брена, има само три години средно школо, кое не го довршила, додека Едита Арадиновиќ која беше во групата Министерки, има само основно школо.

Северина и Дара Бубамара исто така имаат само основно училиште.

Светлана Цеца Ражнатовиќ има средно школо и тоа Ветеринарско, смер свињарство.

Буба Мирановиќ е бабица, Џеј учел за автолакер, додека Индира Радиќ за медицинска сестра.

Злата Петровиќ исто така немала време да се посвети на средното образование, па така останала само со основно училиште.

Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ завршиле средно трговско, додека Сека Алексиќ за фризерка.

Јелена Розга има средно балетско школо.

Од друга страна има и факултетски образовани и тоа Неда Украден со две дипломи.

Please follow and like us:
Pin Share