Драгана Мирковиќ е една од ретките пејачки што имаат бројни искрени пријатели на естрадата. И со Лепа Брена со децении е во одлични односи, а често се среќаваат и на некои од монденските летувалишта што ги посетуваат.
„Минатата година случајно се сретнав со Брена во Монте Карло. Не ни знаев дека таа е таму, туку објавив фотографија на Инстаграм и таа ми се јави. Одморот со Брена секогаш е убав и емотивен, бидејќи одново се сеќаваме на некои прекрасни времиња и работи што ги правевме во 1980-те години. Тоа се одмори полни со насмевки, но и солзи радосници“, рекла Драгана и открила што ја поврзува за колешката.
„Многу ја сакам Брена, бидејќи ние сме пред сè пријателки и многу работи нè поврзуваат, и убави и тажни. Од распадот на земјата што многу ја сакавме, до загубата на драги луѓе, а еден од нив е Рака Ѓокиќ. Тоа е човек што многу го сакавме и тоа се двете најстрашни работи што нè поврзуваат“, искрено кажала Драгана.
