Многу бев тажна бидејќи ми се случи за прв пат во животот да останам без пари. Добив финансиска помош од државата, ама луѓе тоа ли се пари? Толку колку да имаш да јадеш, да не си гладен, ама не да одиш на скара туку сендвичи да си правиш
Пејачката Мина Костиќ многу тешко во онаа финансиска смисла ја поднесе пандемијата. Сега е уште во поголема паника, доколку истите мерки за забрана за настапите во ресторани и кафеани се повторат. Пејачката во она време од година дена кога немаше ниту еден настап одвај врзуваше крај со крај. Немаше ниту скршен денар кај себе, а не беше од таквите која умееше да заштеди иако во текот на кариерата заработила големи пари. За малку, па ќе се најдеше на улица.
– Дури и мобилниот ми беше исклучен, немав пари да ги платам сметките. Ништо не заработував цела година, никаде не пеев. Страшно ми беше. За јадење се снаоѓав кај роднините и пријателите. Потоа дојдоа и струјата да ми ја исклучат. Многу должев со месеци. Кога ги заработив првите пари по укинувањето на мерките за пеење, веднаш сè си платив. Нема смисла што медиумите кренаа непотребна врева.
–целиот текст тука https://www.vecer.press/%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%9c-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%b5%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b2-%d0%be%d0%b4/?fbclid=IwAR2V9UIEyT2OobTSbLVeL7PHDdbUp0gW9CVAsOSsFq6YqHbxoPP3PLVcWFM

