САНИ ИМА НОВ ХИТ !!! ПОГЛЕДНЕТЕ ГО СПОТОТ ЗА ПЕСНАТА “ХАОС”

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте и дали ви се допадна спотот на Сани за нејзината нова песна која што е насловена “Хаос” ?!

Една од најатрактивните пејачки на македонската естрада, деновиве промовираше спот за најновата песна “Хаос” која што со сигурност ќе биде новиот хит. Видеото се снимаше во хотелот “New Star” во Скопје, а во соработка со ИН Продукција. Главен лик во видеото покрај Сани е познатиот модел Димче Димчевски, кој одлично се снајде во неговата улога.

Сани во спотот за “Хаос” се појавува во уникатни креации на Ал Апарел.

Песната “Хаос” е дело на Борче Димитров, Орце Зафировски и Дејан Момироски. Сани при интервјуто открива дека тука не запира и дека во периодот кој што следува ќе сними уште неколку нови песни. Таа за следниот период најавува и комплетирање на нејзиниот албум.

Во продолжение уживајте во спотот за песната  “Хаос” !!!

 

 

Please follow and like us:
Pin Share