Марко Трпчевски открива како започнала неговата музичка приказна

Please follow and like us:
Pin Share

Пред да започне со пеење, се дружел со тапанот. Марко Трпчевски во интервју за ИН ТВ открива како започнува неговата музичка приказна.

Марко Трпчевски е дел од Битолската група Плетенка, но пред да започне со пеење тој најпрво се дружел со познатиот македонски традиционален инструмент, тапан. Марко при неодамнешното интервју за ИН ТВ открива како започнал со пеење.

-Јас уште од мал се дружам со музиката. Најпрво тропав на тапан, па после тоа со еден професор од Битола при разговор дојдовме до идеја да снимиме една песна бидејќи му се допадна како јас пеам и оттогаш па навака работиме константно.-истакна Трпчевски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Пред извесен период заедно со неговата колешка Ема и група Плетенка, снимија заеднички видео проект со добро одбрани македонски народни хитови. Марко не го криеше задоволството од проектот потенцирајќи дека истиот е најдобар од сите претходни.

-Задоволни сме, презадоволни бидејќи се убаво прифатени. Сите песни имаат одлична гледаност. Од сите претходни проекти овој мислам дека испадна најубав од сите.-изјави младиот пејач.

Тој во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата најнова преработка на добро познатата македонска патриотска песна “Внуци на Гоцета”. Марко вели дека оваа песна е посебна за него, бидејќи претставува код за тоа кои сме и од каде сме. И со оглед на тоа што нема македонец кој би останал рамнодушен на оваа песна, Марко се надева дека јавноста ќе ужива во неговата изведба.

 

Please follow and like us:
Pin Share