Игор Андреевски ќе комплетира самостоен албум

Please follow and like us:
Pin Share

Игор Андреевски, иако е доста млад, зад себе има четири авторски песни. Во следниот период се надева дека ќе успее да комплетира и самостоен албум.

Младиот и талентиран Игор Андреевски е студент на Музичката Академија во Скопје, а интересно е тоа што иако е доста млад, тој е автор на неговите песни. При интервјуто за ИН ТВ, тој меѓудругото вели дека со задоволство би направил песна за некој од неговите колеги од македонската естрада.

-Со задоволство би им направил. Секој со секого меѓусебно се консултираме, но немам размислувано околу тоа. Секако би прифатил, но досега не сум добил таква понуда. Инаку, песната прво гледам да и се допадне на публиката, а потоа и мене се разбира да биде обострано што мислам дека е најдобро. Секогаш го давам најдоброто од себе.-истакна Игор, во неодамнешното интервју.

За естрадниот магазин Естрада плус, Игор открива во кој дел од денот има најголема инспирација за творење музика.

-Најголемата инспирација ми доаѓа во доцните часови, но не мора да значи. Се случува во некои 15-тина минути до пола сат инспирација, каде што седнувам и пишувам. Ритамот кој што ми доаѓа во глава го зачувувам со нотирање. Ги запишувам сите, дали било текст или музика, ги нотирам, ги запишувам за да не ми избега мислата додека ја памтам да ја запишам.-раскажува младиот пејач.

Тој зад себе веќе има четири авторски песни, а за следниот период планира да комплетира и самостоен албум.

-Размислувам за албум, но не знам дали ќе биде комплетиран за брзо време цел албум. Но, размислувам и сакам, се трудам да го направам мојот прв албум здравје Боже.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.

Во студиото на ИН Продукција, тој пред извесно време ja промовираше неговата четврта по ред авторска песна која е насловена “Кинисала млада Петранка“ , како и преработка на македонската народна песна “Мене ме изгоре мамо Зорето”.

Please follow and like us:
Pin Share