Легендарната песна “Шошана” во македонска верзија на “Сузана”

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачот Влатко Алексовски по теркот на  музичкиот тренд на  македонски јазик ја обработи легендарната песна “Шошана”. Станува збор за стара еврејска песна а која во изминатиов период и тоа како постанува хит во нашата земја. Оваа песна има неколку бугарски верзии а од скоро ја доби и македонската.

-Големиот хит “Шушана” што го направија соседите од истокот, ние сега го направивме и во изведба на Влатко Алексоски во придружба на “Скала Бенд” од Крива Паланка ја имаме верзијата “Сузана”, истакна Влатко при гостувањето во ИН продукција.

Притоа Влатко додава дека во раните 90ти години кога сеуште се отслужувал воениот рок, имало војничка верзија на оваа песна која тогаш била мега хит.

-Не можеше банкет да помине а по пет пати да не се пее. Нешто што било хит секогаш ќе биде хит. Ова се само варијанти како нови музичари ја доживуваат песната и со текст и со аранжман, вели Влатко, изразувајќи надеж дека и оваа негова верзија ќе биде прифатена.

Please follow and like us:
Pin Share