
Најнов и досега можеби нереализиран ваков проект, изработија неуморливите и врвни мајстори на музиката познатите Влатко и Златко Миладиноски заедно со своите музички соработници. Имено, станува збор за Велигденски проект со одбрани песни, од кои дел се големите хитовски рефрени на Влатко но има и новитети како од него така и од музичкиот виртуоз Златко Миладиноски.
-Се работи за една Велигденска емисија во која има нови песни и дел од старите. Беа вклучени во целиот проект покрај јас и Златко, сите наши музички соработници кои што на некој начин придонесле да нашите песни звучат така. Заедно со нас беа и дел од членовите на фолклорното студио “Блажевски”, со кои имаме соработка. Заокруживем еден добар период и еден почеток на Велигден. Почнува пролетта , славит, веселбите, кај нас сезоната поажурно, истакна Влатко.
Она што е специфично и досега можеби несвојствено за еден ваков новитет е тоа што токму во овој проект Влатко се јавува и како водител, каде на неколку пати дава најава за своите песни.
-Така сето тоа почна , па се задржав до крај и како режисер и сценарист. Таква идеја добив да направиме Велигденска емисија, па како што тееа подготовките, така течеа и моите идеи што ги имав замислено и додржав до крај на своето, го завршив целиот концепт како што јас мислам, вели Влатко.
Целиот проект е според оригиналната идеја од Влатко при што тој изразува убедување дека токму како таков проектот ќе се допадне на публиката. Инаку проектот е реализиран во соработка со ИН продукција.