“Мерак тајфа”: Песната подолго живее преку видео запис

Please follow and like us:
Pin Share

И покрај тоа што е дел од “Мерак тајфа”, Живко Динев паралелно има и своја солистичка кариера, низ која има две негови авторски песни. Сепак, заеднички не ја исклучуваат можноста да снимат своја песна, но засега немаат некоја конкретна најава.

-Јас веќе снимив две мои авторски песни. Едниот спот го снимивме заедно со ИН продкуција, заедно со Миле Кузманоски , тоа е дуетска песна и втора уште една песна имам заедно со Агушеви. Засега тоа е. Имаме некои планови и јас сам, но понатака ќе видиме како ќе  оди, вели Живко.

Тој не ја исклучува можноста за снимање на видео записи, бидејќи како што вели песната подолго живее.

-Ќе има видео записи. Убаво е , мислам дека за секоја песна ако сме во можност да снимаме видео запис, мислам дека така публиката најубаво ќе ја прифати песната, додава Живко.

Неодамна “Мерак тајфа” реализираа проект од десетина препрани староградски песни во соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share