Хитовите снимени во 90-те години му се сеуште најбарани

Please follow and like us:
Pin Share

Своите музички почетоци ги бележи со пеење модерна музика, но како што вели со текот на годините повеќе почнал да ја негува македонската музика. Ресенчанецот Благојче Стојаноски Туше, неодамна пред публиката се појави и со нова прва негова патриотска песна.

-Како што повеќето од моите фанови и обожаватели знаат најпрвин почнав со малку помодерна музика, но со тек на годините, можеби не сум престарен но едноставно почнав повеќе да ја негувам македонската музика. Невикам дека не пејам и од нашите соседи песни, но едноставно повеќе се ориентирам кон наша музика. Ќе испеам од нашите пејачи кои што се во македонија, моментално актуелни песни што се бараат надвор. Имам мој репертоар, десетина до петнаесет песни кои што народот ги знае добро, со нив исто така настапувам. Повеќето, скоро 85% од програмата ми е македонска песна, а 15% сигурно некој ќе побара и останата музика, вели Благојче.

Сепак, една од најпрепознатливите песни на Благојче е големиот негов хит “Немој да ме прашуваш каде ми се парите” , која му е барана и надвор од нашата земја, на бројните негови настапи пред нашинците.

-Таа песна ми е најбарана надвор од Македонија , а во Македонија најголем хит ми се “Зелени очи” која ја снимив ‘96та година и ’97-ма “Не се важни километри”. Тие се во Македонија преголеми хитови. Ги бараат на сите мои свадби и настапи а во Австралија скоро и да не знаат за тие песни, вели Туше.

Деновиве во соработка со ИН продукција Туше ќе биде дел и од Велигденскиот проект кој ќе  биде снимен.

Please follow and like us:
Pin Share