Александра Пријовиќ го изневерувала Филип?!

Please follow and like us:
Pin Share

Александра Пријовиќ три месеци, како што пишува српски магазин, зад грбот на вереникот Филип Живоиновиќ се гледала со оженет тенисер.

Во медиумите се пишуваат неколку имиња, од Новак Ѓоковиќ, до Виктор Троицки, Јанко Типсаревиќ, Илија Бозољац или Ненад Зимоњиќ.

Поради оваа афера за која Филип неодамна дозна, популарната двојка може да ја откаже свадбата која е закажана за 21 јуни во Белград.

– Веќе извесно време се шушка по естрадните кругови дека Александра се гледа со тенисер кој е во брак. Последен пат имале тајна среба пред три месеци, кога и тој бил во Србија. Филип добил анонимна порака: Дали знаеш каде ти е вереницата и со кого? Можеби би требало да ја повикаш на видео-повик! Ќе ти кажам дека е во хотел кој е оддалечен два часа од Белград, пренесува магазинот.

Овие приказни дошле до Брена и Боба, а тие им порачале дека таква брука не им е потребна. Брена ги советувала да не прават скандали пред свадбата и му рекле на Филип обавезно да му се јави на тенисерот и да провери дали некој од неговото опкружување ги пласира овие информации.

Филип и ја покажал пораката на Александра и барал да му објасни зошто цел град бруи за најзината афера со тенисерот кој тие го познаваат.

Please follow and like us:
Pin Share