
Секое нејзино доаѓање во родната Македонија е со повод.Tака и овојпат Вики Филипова со причина овој викенд допатува од Германија. Во сроаботка со ИН продукција таа сними видео запис за нејзината најнова песна “Змија”. Видео записот се снимаше во Охрид, на како што вели и самата Вики, доста живописни предели а во него има двајца статисти.
-Пред скоро време ја снимив новокомпонираната песна “Змија”. Многу интересен наслов, необичен. Ме прашуваат, има реакции и позитивни и негативни. Тоа е така како што е, ние сме во медиуми и мораме да бидеме навикнати на сите критики. Не сакав да помине долго време за да се сними спот за песнава и затоа побрзав, што побрзо да се случи да дојдам во Македонија и денеска се случи тоа. Се сними спотот за песната “Змија”, истакнува Вики.

Насловот на песната, како што впрочем кажува и самата Вики е специфичен и мошне интересен.
-Идејата беше моја и на мојот кум, кои денеска ме дружеа заедно со мојата кума. Текстот е на Ѓорѓи Дојчинов , на мојот кум. Интересно ми дојде и текстот и целата песна ми е слатка. Слатко е и отпеана и спотот е денеска скоро завршен. Во Охрид дакав да го снимам од причина што тука можат да се најдат сеуште многу убави локации, додава Вики.
Вики допатува специјално од Германија каде живее и работи, за да го сними спотот и веднаш се враќа назад со оглед на работните ангажмани кои ја очелуваат од следната недела.

