
“Fric Brothers” кај јавноста се познати по нивните свирки низ локалите, но и приватните забави. Во моментов имаат голем број настапи и велат дека агендата полека им се исполнува со ангажмани.
“Fric Brothers” скоро 18 години опстојуваат на македонската сцена. Тие се добропознати кај јавноста по нивните свирки низ скопските локали и ресторани.
-Сега во моментов сме по приватни забави, затоа што како се движи музиката мислам дека е малку паднато нивото и поради тоа повеќе сме на повик. Не знаат низ градот. Во летно време обавезно сме во Дојран, работиме и Охрид и насекаде. Не би можел да издвојам нешто конкретно.-истакна Владимир Софрониевски.
Од бендот велат дека веќе започнале резервациите за настапи за следниот период, имаат најава за неколку свадби и семејни прослави, а се надеваат дека агендата целосно ќе се исполни.
-Народно, забавно свириме, ју рок, навистина свириме се. Се што е добро и се разбира она што ќе го побара публиката.-додава тој.
“Fric Brothers” во моментов подготвуваат уште неколку нови песни, а најавуваат и издавање на албум за скоро време.