“Име не менуваме” три пати ја отпеа пред нашинците во Трелеборг

Please follow and like us:
Pin Share

Големи позитивни впечатоци понесол од својот настап во Шведска фолк пејачот Благојче Стојаноски Туше пред нашинците во Трелеборг, особено кога ја испеал неговата прва патриотска песна која неодамна ја промовира  и во ИН продукција, “Име не менуваме”. Туше не го криеше своето изненадување од тоа колку брзо продрела оваа песна пред нашинците, а уште повеќе и тоа како е прифатена песната.

-Сега тазе, оваа песна ја испеав во саботата во Шведска во Трелеборг, имамвме концерт јас и група “Персиди” од Ресен. Имавме настап меѓу нашите иселеници таму. Едноставно се зачудив колку брзо доаѓа информацијата за оваа песна меѓу нашите и беше толку убаво прифатена. Во еден момент кога ја испеав, цел народ се фати на оро, воодушевени беа. Ја испеав два-три пати со ред, по барање нивно, истакнува Туше.

Карактеристично е за напоменување дека авторот на оваа песна е Никола Ставрески кој е иселеник од нашата земја кој сега живее и работи во далечната Австралија.

-Авторот е Никола Ставрески кој што моментално се наоѓа во Австралија. Некако гледаме дека последниве денови нив иселенициве повеќе ги боли за ситуацијава што се случува овдека, отколку ние што живееме тука. Едноставно ете, човекот ми ја понуди песната ,ја слушнав и прифатив и ја снимив. Се надевам дека ќе излезе на виделина онака како што треба, вели Туше.

После оваа прва патриотска песна Туше не ја исклучува можноста да сними и други песни од ваков карактер, но засега остава малку време песната да постане повеќе слушана и прифатена од народот.

Please follow and like us:
Pin Share