Струшката група “Зарина” го негува староградскиот мелос од охридско-струшката ривиера

Please follow and like us:
Pin Share

Стефан, Тони, Бојан, Стефан, Ристе и Златко се шесте момчиња кои ја сочинуваат струшката група “Зарина”. Впрочем и самото одбрано име на групата го нагласува нивното делување на македонската музичка сцена, а тоа е негувањето на специфичната староградска музика распространета на охридско-струшката ривиера и нејзино пренесување понатака пред генерациите кои доаѓаат.

-Ние сме група “Зарина” , доаѓаме од Струга  а во составот сме Стефан Богатиноски –перкусии, Стефан Нестороски-хармоника, Тони Арслан-виолина, Ристе Трајаноски –контрабас, Бојан Крстиновски –гитара и Златко Петрушевски –кларинет. Постоиме веќе година и половина, а ја негуваме националната македонска музика, староградската претежно, карактеристично за овој регион, охридско-струшкиот, истакнува Стефан Богатиноски од групата “Зарина”.

За напоменување е и фактот што сите шест членови на оваа група се големи музички таленти и едноставно кажано секој е голем виртуоз на својот инструмент.

-Стефан и Тони се веќе дипломирани професори по музичка уметност, Златко е апсолвент, јас сум тука некаде со факултетот, Ристе исто студира музика, Бојан ни е економист исто е школован, вели Стефан

Момците од групата во соработка со ИН продукција ги снимија двете антологиски староградски песни од кои едната е малку подзаборавена од помладата публика “Кога си бевме млади” а втората е една од препознатливите белези на охридската чалгија “Ој Зарино”. Оваа песна на некој начин ги претставува овие момчиња , а воедно им е најбарана на нивните настапи.

Please follow and like us:
Pin Share