
Покрај неговите бројни настапи заедно со групата “Интермецо”, младиот гостиварчанец Славко Зафироски бележи бројни соработки и со останатите музичари. Тука тој ги вбројува и заедничките соработки со групата “Фаворити” која исто така е од Гостивар.
-Соработувам скоро со сите од гостиварските групи “Фаворити”, “Индекси”, со повеќе колеги. Сепак, за жал постои ривалство , само не сакаат јавно да се експонира тоа, меѓутоа тоа е очигледно и многу проѕирно, вели Славко.
Славко неодамна ја промовираше својата најнова песна насловена “За тебе сине”, за која најави и скоро симање на видео запис.