Покрај големата бараност и настапи во тиквешниот регион, “Мерак тајфа” бележат настапи и надвор од нашата земја, поточно во Измир , Турција. Во тој дел сме доста слушани и барани, особено поради фактот што населението во овој дел на Турција и тоа како ја негуваат и слушаат македонската музика, вели Ранко Ѓорѓевиќ, член на групата.
-Во тој дел сме доста слушани и барани и дури можеби ќе забележат тие, дека стилски натака ги теравме песните. Едни наши пријатели многу ги сакаат така снимени. Инаку нстапуваме и тука по европските земји, Србија, Бугарија, низ нашата земја. Засега беше многу добро низ тиквешијата, се занимаваме веќе триесет години со оваа работа, истакнува Ранко од групата.
Нивните впечатоци се доста позитивни по бројните настапи кои ги бележат зад себе во измирскиот дел од Турција.
-Станува збор за еден прекрасен народ. Тие се од нашата земја, тие корени ги имаат и гипренесуваат на своите деца и своите внуци. Тоа кога прв пат го виддовме не верувавме дека такво нешто може да се случи. Се зборува наш дијалект , се пејат македонските песни, ората исто така си ги играат и многу пати организираме такви свирки накај тој дел. Бевме и минатата година, можеби и оваа година ќе отидеме, додава Ранко, образложувајќи дека кој имал прилика да отиде таму, почувствувал со колкава топлина се добредојдени .
“Мерак тајфа” неодамна снимаше видео проект во соработка со ИН продукција на препеани македонски песни.