Мега популарната група “Биоритам” веќе бележи трета година со новиот пејач Владимир Поповски, а најавуваат нови песни како и бројни новитети. Како што истакна при гостувањето во ИН продукција Сане Петров, еден од долгогодишните членови на “Биоритам”, новиот пејач е добро прифатен од сите челнови на групата.
-Веќе имаме еден материјал направено, кој што го презентиравме, тоа е веќе стар за нас, Влатко уште кога дојде го снимивме и издадовме и таму беа веќе неколку собрани песни за да издадеме некој проект, а сега многу посериозно почнуваме со воторо ЦД, а во меѓу време снимавме и некој кавери со странски , домашни песни, хитови, така да моментално тоа го работевме. Наредното ЦД веќе е во припрема, истакнува Цане.
Како што напоменува Цане, првата песна од новото ЦД , гостинка е Сузана Спасовска и тоа е на некој начин како дуетска песна. Впрочем, станува збор за многу стара и подзаборавена песна од пиринскиот дел на Македонија. “Биоритам” се буквално неуморни со своите нстапи, кој што се барани буквално насекаде.
-“Биоритам” обично , ние сме познати дека од декември до февруари одиме на турнеи во странство, затоа што тоа е период кога во Македонија нема многу свдби, прослави и ние го користиме тој период да гостуваме. Колку што е добро за нас, толку е добро и за нашите иселеници. Во меѓувреме до Велигден е одмор за групата , бидејќи нема некакви веселби, но после Велигден почнува како што велиме ние лудило, додава Цане.
Неодамна Цане го промовираше својот четврти солистички проект насловен како “Македонска магична гитара” нешто што досега не е слушнато во македонската музика, во вид на акустични инструменталки со малку поинаков аранжман на добро познатите македонски песни.