Понесен од актуелната состојба во нашата земја, впрочем како и останатите македонски пејачи, така и Благојче Стојаноски Туше од неодамна сними патриотска песна за Македонија, која носи наслов “Име не менуваме”. Ова е негов најнов проект, кој е снимен пред само дваесеттина дена.
-Песната се вика “Име не менуваме”, снимена е поради актуелнава ситуација во нашата земја, наменска. Песната е многу добра, а комплетен автор на песната е Никола Ставрески, кој се погрижи за текстот и музиката, со мали мој корекции. По прво слушање во овие две недели откако е во етер, имам доста добри и позитивни коментари, како и доста прегледи. Она што Скопје настапив со таа песна беше голем бум, истакнува Туше.
Како што додава Благојче, песната е навистина убава и наменска но е посветена за моменталните случувања, но нагласува дека никој не сака да биде во ваква ситуација , а изрази и надеж дека со песна ќе се преброди оваа ситуација. Инаку во периодов повеќето пејачи создаваат и пејат патриотски песни, при што својот револт го изразуваат токму преку песната.
-Ова е моја прва ваква песна, досега не сум снимал патриотска песна. Печалбарски сум снимал , а ова е моја прва патриотска и едноставно на тоа ме натера ситуацијата. Исто така ми се допадна и песната. Во меѓувреме имам понуди за неколку исто вакви песни , но не сакам и мислам дека не сум сигурен дали е моментот сега кога треба да се снимаат уште такви песни, вели Благојче.
Како што додава ќе остави еден извесен период да легне оваа песна а можно е да сними уште една патриотска песна.