
Група “Варош” се добропознати музичари од Охрид, кои ја негуваат старата македонска песна. Имаат голем број настапи периодов, а викендите им се резервирани во хотел “Сити Палас” во Охрид каде одржуваат вечери на староградска музика.
Група “Варош” се едни од најбараните бендови во Охридско-Струшкиот регион кои ја негуваат старата македонска песна. Тие во моментов имаат голем број ангажмани на семејни прослави, а секој викенд публиката може да ужива во староградска вечер заедно со нив во хотелот “Сити Палас” во Охрид.
-Овој период настапуваме во хотел “Сити Палас”, кој се наоѓа покрај Охридското крајбрежје. Супер си поминуваме таму, си имаме добри гости, па кој сака нека повели нека дојде.-истакна Иван, член на бендот.
Радува фактот што во последно време, македонските народни песни се доста барани од младата популација. Иван вели дека посебно на македонската музика се восхитуваат и странските гости кои ги посетуваат нивните свирки.
-Во последно време македонската музика и таа староградска, младите доста ја сакаат и ни ја бараат, би ја издвоил “Дајте ми ја Бисера”, бидејќи мислам дека најмногу ја бараат, “Пусти мерак Ратке”, “Туѓа си бескрајно”, “Лено мори”. Има доста песни, навистина радува тоа што нашата македонска музика низ угостителските објекти ја бараат да ја пееме.-додаде гитаристот при гостувањето во емисијата “Промо” на ИН ТВ.
Инаку, бендот постои веќе три години, а се состои од тројца членови : Иван Ивановски на гитара, Тони Танкоски на хармоника и Виктор Куртески на виолина.