Арена бенд бележат голем број настапи низ земјава

Please follow and like us:
Pin Share

Арена бенд се доста зафатени со настапи низ земјава. При нивното интервју открија дека минатата година била доста плодна за нив, како со настапи, така и со снимање нов материјал. За периодов кој следи најавуваат уште една народна песна.

Арена бенд постојат скоро две и пол години на македонската естрада, а бележат голем број успеси. Иако се релативно млади, тие се доста барани на семејните прослави низ Македонија.

-Најчесто настапуваме по приватни забави, тоа се свадби, крштевки и сите останати од таков вид. Некогаш може да не најдат и во поголемите кафани низ Скопје, некогаш и настрана, но тоа се случува поретко.-истакна Сашо, вокалот на бендот.

Минатата година, младите момци имаа и настап надвор од границите на нашата земја, поточно во Австрија и тоа за најголемиот христијански празник Велигден. Велат дека за време на нивниот престој си поминале прекрасно, а биле и доста убаво пречекани од тамошните македонци и организатори на Велигденската забава. Од бендот додаваат дека 2017-та била плодна година за нив.

-Минатата година беше плодна година за нас, прилично 90 % бевме зафатени, за викенди имавме доволен број на свадби и на останати свирки, беше продуктивна година. Снимивме неколку кавери на двапати и еве годинава повторно продолжуваме.-додава тој.

Тие за следниов период најавуваат снимање на уште една песна, којашто ќе биде народна, а се надеваат дека со таа песна ќе излезат на некој од фестивалите кои се одржуваат низ нашата земја.

Please follow and like us:
Pin Share