Од “Распеано рибарче” со очекување да добијат покана за настап надвор од земјава

Please follow and like us:
Pin Share

Во последната недела од месец април, оваа година ќе се одржи јубилејното издание на детскиот фестивал во Охрид, “Распеано рибарче”. На фестивалчето учевство ќе земат околу 16-тина деца кои ќе испеат нови песнички, а покрај нив исто така ќе бидат поканети и претходни учесници на овој фестивал, со оглед на тоа што  јубилејно издание. Интерес постои кај децата и ние гледаме да направиме песничка за секое дете, без разлика дали има или нема талент за пеење, вели Димче Китрозоски, еден од организаторите на фестивалот.

-И да нема некој специфичен талент, ние можеме да направиме еден таков исклучок , само за нивно задоволство. Обично во почеток на октомври распишуваме ние аудиција , за оние нови кои ќе се јават, обично некој ќе почне да пее една година и потоа сака повторно и така ги распознаваме. Повеќето кандидати ги знаеме, но се трудиме да бидат музикални, да биде полесно снимањето и да има големо задоволство кај децата, вели Менде Баракоски.

Според досегашниот избор на деца за овој фестивал задоволството е големо како и кај самите дечиња, така и родителите но и публиката. Дел од учесниците на “Распеано рибарче” кои беа гости во ИН продукција, со очекување изразија надеж дека ќе бидат поканет да гостуваат и надвор од нашата земја.

-Се надеваме дека некој ќе не покани со гупата да појдеме и надвор од нашата земја. Што се однесува и до организацијата, ова што гоправиме ние 20 години , се прават големи жртви , како временски така и материјални, само за да се успее да се направи нешто. Сите оние кои работиме во екипата за да се оствари “Распеано рибарче” е со една цел да се направи и оствари нешто во градов, додава Менде.

Медиумски покровител на овогодинешниот детскиот фестивал  “Распано рибарче” ќе биде ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share