Иако има доста обврски и често патува, Анета Наковска кога е во Македонија има полна агенда со настапи

Please follow and like us:
Pin Share

Анета Наковска нема постојано место за настап, бидејќи големиот број обврски и начинот на живот не и го дозволуваат тоа. Заедно со нејзиниот сопруг, тие се постојано на релација Охрид-Скопје-Флорида. Сепак, кога се наоѓа во Македонија, Анета се пофали дека има полни раце работа на семејните прослави низ целата земја.

Пејачката Анета Наковска при гостувањето во емисијата “Промо”, открива дека околностите на животот ја носат на релација Охрид-Скопје-Флорида-Чикаго. Поради тоа, таа нема едно одредено место кадешто нон стоп настапува, но сепак кога е тука во Македонија, агендата со ангажмани е полна со семејни веселби, свадби и разни гостувања, посебно во летниот период.

-Немам јас едно место кадешто постојано настапувам бидејќи моите обврски и мојот начин на живот не ми го дозволуваат тоа. Со сопругот сме повеќе во движење, како што кажав, по неколку месеци седиме во Америка, но повеќе сме тука. Така да неможам јас да прецизирам една таква база, туку според можностите така и со свирките се вклопувам.-истакна Анета.

Таа вели дека сеуште нема свој бенд, а работи со голем број музичари од македонската естрада. Анета додава дека во моментов е во потрага на бенд кој цело време ќе биде со  неа.

-Па со разно разни бендови, значи немам еден свој бенд сеуште. Инаку работам баш на тоа, сега во најскоро време ќе започнам соработка само со еден бенд и исклучиво тоа да си биде како мој бенд. Сепак некако тоа ми е најдобро од аспект на репертоар. Најспремен е човек кога си има свој бенд, така да ете и тоа ќе биде.-додава пејачката.

Анета во емисијата “Промо” ја промовира и најновата песна која потекнува од егејскиот дел а носи наслов “Егејки мајки”. Јавноста за скоро време ќе има можност да го погледне настапот во студиото на ИН Продукција и да ја слушне нејзината најнова песна.

Please follow and like us:
Pin Share