Бијонсе блесна во златна креација

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Бијонсе Ноулс знае како да биде забележана без разлика на тоа дали го привлекува вниманието со својот глас или пак со својата појава.

Овој пат сите очи се свртени кон неа поради волуменозниот златено – жолт фустан, креација на Falguni Shane Peacock. Станува збор за раскошно парче облека кое го носеше за време на 2018 Wearable Art Gala вечерта. Екстравагантниот изглед го надополни со предимензионирани златни обетки од Жан Пол Готје и високи потпетици со потписот на Џими Чу.


Она што најмногу плени кај оваа тоалета несомнено е впечатливата „опашка“ или подобро кажано долниот дел од креацијата, кој многу наликува на огромна златна стуткана хартија.

Овој рачно изработен фустан создава илузија на гола силуета, уште една причина повеќе поради која Бијонсе изгледа провокативно, но во суштина не открива ништо повеќе од потребното.

Please follow and like us:
Pin Share