Сработување на плодниот период од Велигденските празници па до месец октомври и потоа планови за заминување на австралиска турнеја, вели Славко Зафироски при гостувањето во ИН продукција. Славко се пофали со полна работна агенда која започнува веднаш со завршувањето на Велигденските празници, пред се настапи на свадби и семејни веселби.
-Од Велигден па до октомври месец, ноември постојано секој вкенд низ цела Македонија. Најповеќе сме тука во Охрид и Струга во месеците јули и август. Оваа година низ цела Македонија имаме настапи, вели Славко.
Славко заеднички настапува со групата “Интермецо”, а пеат се што ќе побара публиката.
-Соработувам скоро со сите музичари. Од гостиварските групи ете “Фаворити” , “Индекси”, со повеќе колеги. Постои ривалство за жал но не сакаат јавно да се изјаснат, но е очигледно и многу проѕирно. Немам такви комплекси да се такмичам со некого, си знам колку вредам сам, тие што ме познаваат знаат многу добро кој сум и што сум и каков квалитет имам, вели Славко.
Неодамна Славко ја промовираше неговата најнова наменска песна “За тебе сине” за која наскоро најави и снимање на видео запис.