Дамјан Стојаноски со настапи продолжува после Велигден

Please follow and like us:
Pin Share

Дамјан Стојаноски периодов одмара од настапи, а повеќе е посветен на факултетот. По велигденските празници, јавноста ќе има можност повторно да ужива во неговите настапи.

Дамјан Стојаноски перидов го користи малку повеќе да се посвети на факултетот. Тој вели дека настапите кои се веќе резервирани, а ги има во голем број, би требало да започнат после Велигденските празници.

-Во моментов, овој период малку одмарам и се посветив повеќе на факултетот. Здравје настапите, барем оние кои се најавени така поинтензивно ќе почнат по Велигден.-истакна младиот пејач.

Дамјан има позитивно мислење за македонската естрада и вели дека радува фактот што има многу млади лица на сцената.

-Убаво е, има квалитет на македонската естрада и во македонската музика. За жал има и нешто што според мене можеби и не е квалитет или едноставно не е македонско, но ете одлуката нека биде на публиката. На прсти се бројат медиумите како ИН ТВ или како некои други коишто пуштаат македонска музика, тие се бројат на прсти и емисиите и телевизиите.-додава тој.

Според него за поголема поддршка и промоција на македонската песна, најпрво треба да проработи свеста кај народот за тоа дека треба да си го сакаме и чуваме своето.

Please follow and like us:
Pin Share