Група “Чардак” во најава на нов проект во стил на акустична музика

Please follow and like us:
Pin Share

По неколкуте успешни проекти со познати и еминентни музички имиња, групата “Чардак” најавува и други понатамошни соработки со музичари. Засега тие не ги откриваат планираните соработки, а зад себе ги имаат заедничките проекти со Елена Велевска, како и Анета Наковска.

-Не би сакал да откривам но има најава за таква соработка. Исто за таква соработка во стил на акустична музика, чалгија како еден вид седенка но во живо. Песните не се избрани но мислам дека би можело да велезе различен избор на песни. Всушност да ја застапиме охридската кафана. Знаете дека во Охрид се и сешто се свири, вели Златко д групата “Чардак”.

Покрај фактот што во Охрид се’ се свири, како што вели Златко додека е се во нормална состојба се бара охридскаста песна, а потоа поминува се.

-Најбарано моментално можам да речам, дека додека е се во нормална состојба охридската песна и македонската , да речам и ново компонирани и постарите песни се барани, а кога ќе почне да работи алкохолот тогаш врви се. Значи сето она што му лежи на човека на срце, тогаш неможам да скријам дека и српските песни ни се барааат. Можам да кажам дека од новите песни од новите пејачи, ретко некој хит месец до два и толку, а старите песни зборувам за 30, 40, 50 години стари, кои ги знаеле и нашите дедовци, татковци, врват и денес а ги знаат и сегашните генерации, додава Златко.

Годинава охридската чалгиска група “Чардак” ќе одбележат и јубилеј од 20 години нивно постоење, каде во месец мај се планира нивни голем хуманитарен концерт во Охрид.

Please follow and like us:
Pin Share