Музичкиот талент го наследил од својата баба

Please follow and like us:
Pin Share

Преголемиот музички талент  младиот стружанец  Методија Столески го наледил од неговата баба, која порано пеела. Како што и самиот кажуваа, неговата баба имала снимено дванаесет песни.

-Го имам генот од баба ми. Таа пеела порано . Има снимено 12  песни на радио телевизија Скопје, што на некој начин љубовта кон музиката ја наследив од неа, вели Методија.

Понатака Методија планира да го продолжи своето музичко надоградување и преку факултет, со оглед на тоа што сега е прва година во средното музичко училиште во Струга. Како што и самиот Методија истакнува дека сака и понатаму да продолжи да ја негува македонската музика. Инаку како млад и доста музички талентиран, Методија не останува незабележан за останатите музичари особено од струшкиот регион.

-Ме побрале, пројавиле интерес многу групи со кои што имам пеано, но засега останувам соло, вели Методија.

Петнаесет годишниот Методија ќе остане најзабележителен по овогодинешниот настап на “Гоце фест” како најмлад учесник.

Please follow and like us:
Pin Share