Парис, ќерката на Мајкл Џексон се налути на нејзините обожаватели бидејќи на социјалните мрежи објавувале нејзини фотошопирани фотографии. Тие постојано и го осветлувале или затемнувале тенот на нејзината кожа.

Ќерката на познатиот музичар Мајкл Џексон, им се налутила на своите фанови, бидејќи објавувале фотошопирани фотографии од неа на социјалните мрежи.
19 годишната Парис им се налутилa на фановите поради претераниот фотошоп на нејзините фотографии, односно постојано ѝ го осветлувале или затемнувале тенот на кожата.
По тој повод таа се огласи на социјалната мрежа Твитер:
„Ценам сè што правите за мене, уживам во секоја фотографија која ја објавувате. Но, Ве молам да престанете да ја осветлувате мојата кожа за да ме направите повеќе бела. Исто така Ве молам да престанете да ја затемнувате. Јас сум свесна за мојот изглед и конечно сум задоволна со него”.

После оваа објава, многу обожаватели ја поддржаа во одлуката.
