Да Капо бенд најавуваат нов проект. Од бендот велат дека и овој пат станува збор за кавери од најбараните македонски хитови. Проектот се планира да биде готов за време на летниот период, а ќе го работи ИН Продукција.

Да Капо бенд важат за едни од најактивните млади бендови на македонската естрада. Минатата година снимија два проекти со кавери на познати песни, а веќе најавуваат уште еден кој повторно ќе биде со најбарани песни од нивната публика.
-Сеуште е рано да откриваме. Проектот се спрема за летово. Планираме да снимиме повторно некои од најслушаните песни и оние кои ќе бидат актуелни во идниот период. Едно што е сигурно, уште сега ќе најавам дека ќе биде во соработка со ИН Продукција.-истакна Горан, член во бендот.

Кога станува збор за фестивалите, момците од Да Капо досега не настапиле на фестивал во нашата земја. Горан вели дека во иднина можеби би учествувале на некој фестивал, а тој би сакал тоа да биде Роса Фест.
-Па сигурно би настапиле, досега немаме настапено, но во иднина и некоја прилика сигурно ќе настапиме.-додава тој.

За разлика од момците, нивниот женски вокал Мими Јовановска, досега двапати учествувала на Роса Фест. Првиот пат со песната “Прва Љубов”, а минатата година со песната која доби доста позитивни коментари од јавноста, а носи наслов “Љубовна молитва”.
