“Тандеми” со материјал за издавање на втор нивни албум

Please follow and like us:
Pin Share

Скопскиот бенд “Тандеми” годинава полнат 18 години на македонската музичка сцена па како полнолетни буквално може да се пофалат со голем број  издадени песни зад себе од секаков музички правец.  Било тоа да

станува збор за народни, фолк, благ турбо-фолк, па дури и забавни.

-Ние постоиме како бенд веќе 18 години позади нас имаме материјал за издавање на второ ЦД. Сепак имаме отпеано и забавни и народни песни, благ турбо-фолк, досега убаво поминале, ние сме задоволни па понатака ќе видиме како сето тоа ќе биде прифатено и како ќе се покаже нашата последна песна, истакнува Горан.

Горан како вокал на групата “Тандеми” не го крие задоволството да каже дека музиката ја сака најповеќе и целосно го исполнува. “Тандеми” изминатиов период се некако постојани со свои настапи во скопскиот регион.

-Тандеми моментално се стационирани во Скопје, бидејќи не дозволуваат многу работи. Јас работам, некои дел од колегите и тие работат, ние свириме во “Македонска куќа” кога сме слободни и во други локали.повеќе сме со семејни веселби, кај нас познати како свадби. Не ни дозволува времето да излеземе надвор , можеме само еден ден и да се вратиме, вели Горан.

Неодамна “Тандеми” снимија нов видео запис за нивната најнова песна “Гурбет” во соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share