Едита веќе не е дел од групата Министерке. Оваа вест таа официјално ја потврди со статус на својот Инстаграм профил.
После повеќемесечните шпекулации, Едита потврди дека веќе не е член на бендот Министерке.
„Известување: Официјално веќе не сум во Министерке. Јавно се извинувам на публиката и сите клубови во кој работев последниве година дена, а каде не оставив добар впечаток поради болното грло и уште многу други заболуивања предизвикани со прекумерна работа. Се извинувам што никогаш не земав боледување и што себе се сметав семоќна па поради тоа чекате на моето враќање. Поради чести промени на членовите во работата, на кои не можев да влијаам колку и да сакав, се случуваа несогласувања за кои ми е жал. Ова е еден од тешките моменти во мојот живот, но тука е Бог и судот да пресуди. А тоа што би нагласила: може да ме очекувате покреативна од кога било. П.С. Внимателно бирајте ја околината, сите пари на светот не вредат ако одат на лекување.“ – напиша Едита на својот инстаграм профил.